Поранешно училиште „Свети Сава“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поранешно училиште „Свети Сава“
Архитектонски објект на ул. „Нада Филева“ Охрид.jpg
Поглед на зградата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типзграда
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1898
Технички податоци
Катови2+1

Поранешно училиште „Свети Сава“ — историска училишна зграда во стариот дел на Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Зградата се наоѓа во рамките на Самоиловата тврдина, на доминантна висорамнина на ридот Дебој во маалото Месокастро. Сместена е блиску до „Пресв. Богородица Привлептос“ и „Св. Константин и Елена“.[1] Адресата е ул. „Нада Филева“ б.б.

Историја и архитектура[уреди | уреди извор]

Училиштето е е изградено во 18981899 г. во неокласичен стил со барокни елементи во ренесансен манир. Зградата иам приземје, кат и делумен подрум. Изведена е во масивна конструкција — најдолниот дел е од камен со изразени фуги, а приземјето и катот се од тули со дрвена меѓукатна конструкција. Покривната конструкција е дрвена, а покривот е четириводен, покриен со стари ќерамиди и дасчена оплата. Фасадата има строги геомтериски облици со богата декорација. Прозорците имаат профилирани венци и триаголни тимпанони и фризови.[1]

Во 1980 г. зградата е санирана, ремонтирајќи го покривот и обновувајќи ја електричната и водоводната инталација. Подрумот (или приземје гледано од понискиот дел) на зградата е пренаменет во копаничарска работилница. Потоа одржувана е само оваа просторија бидејќи зградата повеќе не се користела за образовни цели. По 1980 г. градбата не се употребувала постојано. Срушени се делови од подот, а меѓукатната конструкција е уништена. Уништена е и фасадата. Освен подрумот, останатиот дел е затворен како опасен за посетители бидејќи е во состојба на рушење.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Архитектонски објект на ул. Нада Филева бб“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 3 септември 2017. Архивирано на 4 септември 2017 г.