Куќа на Стефоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Стефоски
Куќа на ул. „Гоце Делчев“ бр. 167 Охрид.jpg
Поглед на куќата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1924
Технички податоци
Катови3

Куќа на Стефоски — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија како особен пример на неокласичната архитектура во градот.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена во маалото Воска, до Воска амамот, на улицата „Гоце Делчев“ бр. 167 (алтернативнo 169). Изградена е во 1924 година од непознати мајстори.[1] Му припаѓала на семејството Стефоски.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Зградата претставува три самостојни братски куќи со изобилство од неокласични елементи. Архитектурата е симетрична со ритмично распоредени прозорци и балкони со огради од ковано железо. Фасадата е надополнета со пиластри, хоризонтални профилирани венци и други гипсени украси. Впечатлив е покривниот венец и полукружните и триаголни тимпанони над прозорците на вториот кат, како и пиластрите крај балконските врати, кои завршуваат со богати капители. Како вертикален завршеток има три мансарди со балкони и три тимпанони, од кои два полукружни и еден триаголен. На триаглниот тимпанон во средината е испишана годината на изградба и името на сопствениците. Страничните фасади исто така се симетрични и украсени. Скромна е само северозападната фасада кон дворот.[1]

Градбата е масивна со носечки ѕидови — во подрумот од камен, а на приземјето и катовите од полни тули. Меѓуканите и покривните конструкции се дрвени.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Куќа на ул. Гоце Делчев бр.167“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-29. Посетено на 28 септември 2017.
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 80.