Куќа на Коле Котуше
Куќа на Коле Котуше | |
---|---|
![]() Поглед на куќата | |
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Тип | куќа |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | ![]() |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Куќа на Коле Котуше — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1][2]
Историја[уреди | уреди извор]
Куќата е сместена во маалото Варош, на улица „Цар Самоил“ бр. 59 (стар број: 67). Изградена е во XIX век и се вбројува во неколкуте наполно зачувани староградски куќи во Охрид.[1] Му припаѓала на Коле Котуше.[3]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Во прво време куќата имала приземје и два ката, од кои во вториот имало училиште. Подоцна тој кат е урнат, веројатно заради нарушената стабилност на градбата. Приземјето и катот се целосно зачувани со исклучок на функционалните промени во внатрешноста. Главниот влез е од улицата „Цар Самоил“, а помошниот е од сокакот на запад, преку затворениот двор од јужната страна. Фасадата има карактеристични полукружни прозорци со дрвени капаци, што е посебен случај во градот. Градбата е типична за своето време во Охрид — визбата и приземјето се камени, а катот е бондручен. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од турски ќерамиди. Подовите и таваните се од штици, со исклучок на подрумскиот под, кој е од калдрма. Преградните ѕидови се дрвени. На приземјето има ходник, кујна и една одаја, а на катот има три одаи, од кои едната е чардак, подоцна пренаменет во просторија за живеење. Фасадата ги има оригиналните дрвени опшиви околу прозорците. Пред реставрацијата, фасадата на катот имала специфична сина боја.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул.Цар Самуил бр.55“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 28 септември 2017. Архивирано на 28 септември 2017 г.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. стр. 37–38.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. стр. 37.