Куќа на Патчеви
| Куќа на Патчеви | |
|---|---|
Куќата во 2021 година | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | староградски |
| Адреса | ул. „Цар Самоил“ бр. 60 ул. „Цар Самоил“ бр. 59 (стара адреса) |
| Град | Охрид |
| Земја | |
| Завршена | средина на XIX век |
| Технички податоци | |
| Катови | 3 |
Куќа на Патчеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена на улица „Цар Самоил“ бр. 60. Му припаѓала на семејството Патчеви, чиј наијстакнат претставник е револуционерот Методи Патчев. Изградена е во средината на XIX век, најверојатно во исто истиот период како Куќата на Робевци, со која дели заеднички ѕид на запад. Другите три страни се слободни и имаат развиени фасади — јужната кон улицата е најпретставителна, источната кон сокакот е делумно обработена на спојот со јужната фасада, а северната гледа кон дворот. Дворот е тесен и долг, до вертикалното карпесто издигнување каде се наоѓа помошен објект со бања и летна кујна со огниште. Во првата половина на XX век е направена реконструкција, при што се скусени еркерните греди на предната фасада и таа е повлечена наназад. Куќата првично била предвидена за една семејство, а потоа е разделена на два дела со посебни влезови и скалишта за катовите. Подоцна одново е споена во едно. Приземјето од камен, со еден дел од него вкопан во теренот. Има два влеза. Скалиштето нагоре е отстарнето и така тоа е изолирано од просториите за живеење. Катовете, како и меѓукатната конструкција, се од бондрук со дрвени греди. Скалиштата исто така се дрвени. Покривот е дрвен, со ќерамидни каналици. Фасадата е типична за охридската градска архитектура — бело обоена со еркерно издадени катови и богато профилирани венци. Еркерите и челата од венците се опшиени со даски, прозорците се карактеристични, со вертикално поместување и дрвени опшиви.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Куќата (втората десно) во 2011 година
- Одблизу предниот дел на куќата во 2021 година
- Одблизу предниот и страничниот дел на куќата во 2021 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Куќа на ул. Цар Самуил бр.60“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 30 август 2017.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. стр. 37.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Куќа на Патчеви на Ризницата ?
