Куќа на Шекерови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Шекерови
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршенапочеток на XX век
Технички податоци
Катови2

Куќа на Шекерови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата се наоѓа на улица „7 Ноември“ бр. 3 и 5, многу блиску до главниот плоштад кај Охридскиот Чинар. Изградена е во почетокот на дваесеттиот век од непознати мајстори. До неа има низа други градби изградени во исто време и во ист стил. Куќата била во сопственост на семејствата Шекерови и Паунчески.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Куќата се состои од подрум, приземје и кат. Приземјето се користело за живеење. Изградена е од камен, дрво и цели тули. Темелите и приземјето се напревини од камен, а внатрешните ѕидови на приземјето и првиот кат се од тула. Мезанинот и кровната конструкција се дрвени. Фасадата има ренесансни и барокни елементи. Има изразена симетрија, хармонично распоредени прозорски отвори и класична орнаментика. Прозорските отвори се со профилирани рамки и се одделени со пиластри со камена декорација. Хоризонталната поделба има профилирани венци.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 78.