Куќа на Фроса Тримчева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Фроса Тримчева
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршенакрај на XIX век
Технички податоци
Катови3

Куќа на Фроса Тримчева — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1][2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Нада Филева“ бр. 26. Се состои од приземје и два ката, со двор од напред. Приземјето е камено, а катовите се бондручни. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од турски ќерамиди. Катовите се еркерно издадени и профилирани. Фасадата има дрвени опшивки на аглите и околу прозорците и завршува со тимпанон. Стреата е богато профилирана. Во внатрешноста биле зачувани низа оригинални елементи — еден насликан таван од куќата е пренесен во Куќата на Уранија, а има и чичеклаци, долапи и сергени сместени во Куќата на Уранија и во Куќата на Христо Узунов.[1][2] Куќата ѝ припаѓала на Фроса Тримчева.[2]

На 1 јануари 1951 година куќата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Куќа на ул.Нада Филева бр.26“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 8 ноември 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 73.
  3. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 154.