Долап

Од Википедија — слободната енциклопедија

Долапот е вграден орман, шкаф за сместување облека, садови и други предмети.

Долапот е составен дел на ентериерот во народната македонска куќа, кој се потпира на ѕид од страна или е вграден во ѕидот. Изграден е од дрвена конструкција, со геометриски украсена челна површина на вратата. Долапот е со помали димензии за разлика од мусандрата. Во долапот се чуваат работи за секојдневна употреба, украсни предмети, а кај поголемите и дел од покуќнината. Долапот се наоѓа во куќата односно одајата, чардакот, иконарникот и други простории. Долапот има една или две врати. Вратата се отвора во хоризонтален правец. Внатрешноста на долапот е обложена со фин премаз од кал или малтер. Кај долапите со поголема висина се поставува дрвена полица на средината. Задниот дел на долапот, вграден во ѕид, може да биде обложен со штици.