Куќа на Хаџиеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на Хаџиеви
Куќа на Димитар Влахов 37 - Охрид 02.jpg
Поглед на куќата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1929
Технички податоци
Катови2

Куќа на Хаџиеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата се наоѓа во населбата Центар, на ул. „Димитар Влахов“ бр. 37. Изградена е во 1929 година от непознати мајстори.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата е прва во низата од три исти куќи со неоренесанса и необарокна архитектура. Се состои од подрум, приземје и кат. Изградена е масивно, при што темелите и сутеренот се камени, а приземјето и катот се од полни тули. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Куќата има хоризонтална симетрија, хармонично распоредени прозорски отвори и други украси во стил класичниот академизам. Прозорците се со профилирани рамки, имаат вертикални пиластри и хоризонтални профилирани венци.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул. Димитар Влахов бр.37“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 28 септември 2017. Архивирано на 20 март 2016 г.