Куќа на Талеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Талеви
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршенакрај на XIX век
Технички податоци
Катови2

Куќа на Талеви (Куќа на Ставре Талев и Куќа на Милчо Талев) — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура. Објектот е еден од ретките во голема мера изворно сочувани претставници на охридската староградска архитектура од XIX век

Историја[уреди | уреди извор]

Теренот на кој е изграден објектот е исклучително стрмен, со пад кон исток. Така, источната страна на објектот со визбата е на ниво на улицата “11 Октомври”, а западната страна со катот околу 5,5 м повисоко и излегува на улицата “Нада Филева”. Дел од просториите од подрумот и катот се вкопани во карпа.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Куќата е со катност од визба (керал), приземје и кат. Во визбата порано се чувало виното, зимници и дрва, а сега се сместени визбите на сопствениците, летна кујна и работилница. Подот бил земјан, а сега делумно е 73 60. Куќата на Тримшеви со терацо. Во приземјето се организирани дневните функции - готвење и боравок, а на катот се сместени гостинските соби и спалните. Од приземјето на катот водат дрвени скали, подовите се од штици, а таваните малтерисани, со исклучок на таванот во една соба во приземјето, каде е сочуван автентичен таван во резба.

Куќата е изградена со природни материјали, карактеристично за епохата. Приземјето и подрумскиот дел се од камен со дебелина од 80 см, а катот е од дрвен бондрук. Меѓукатните и кровната конструкција се дрвени, а покривањето е со ќерамида. На голем дел од куќата постојната столарија е заменета со нова, несоодветна, што во голема мера ја деградира автентичноста на објекто

Објектот е со исклучително атрактивни фасади, една од најубавите во околината, со убави визури. Има еркерно исфрлени чардаци потпрени со дрвени косници, експонирани оџаци, бело е обоена со дрвени опшиви и со богато профилирани стреи.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). „Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1“ (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 71.
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 72.