Куќа на Климе Банде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Климе Банде
Куќа на ул. „Маршал Толбухин“ бр. 1 Охрид.jpg
Поглед на куќата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршенакрај на XVIII век
Технички податоци
Катови3

Куќа на Климе Банде (Куќа на Бандеви) или Куќа на ул. „Маршал Толбухин“ бр. 1 — стара куќа во Охрид, изградена во XVIII век. Претставува редок пример за зачувана староградска архитектура во градот прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена во стариот дел на Охрид, на улица „Илинденска“ бр. 15 (алтернативно бр. 13), северно од црквата „Св. Софија“, на раскрсницата со улицата „Цар Самоил“.[1] Била сопственост на Климе Банде.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Поради поставеноста на теренот, градбата има три влеза на три различни нивоа — главниот е од улицата „Илинденска“ на ниво на приземјето, потоа има влез од улицата „Цар Самоил“ на повисоко ниво и уште еден од „Цар Самоил“ во заграденото дворче на ниво на првиот кат.[1]

Приземјето е сочинето од два дела — северен и јужен, првично поврзани со две скалишни крила кои започнуваат на различни нивоа. Јужниот дел содржи влезен трем со чешма, тоалет и керал, како и дуќан на аголот од улиците, кој нема топла врска со станбениот простор на куќата. Северниот дел е делумно вкопан во теренот и претставува единствена просторија „потон“ со влез од ул. „Цар Самоил“.[1]

На првиот кат има чардак, зимска и летна кујна, одаја и моминска одаја во која се собирале жените и се занимавале со рачна работа како плетење и везење. Во зимската кујна има ѕидан камин и повеќе вградени долапи, додека пак од летната кујна се излегува во дворчето, каде е и надворешниот тоалет.[1]

На вториот кат има две гостински соби и отворен чардак на исток.[1]

Приземјето е изградено од камен, а катовите се бондручни. Покривот е дрвен со турски ќерамиди. Подовете на приземјето се камени, а на катовите се од даски. Фасадата има еркер на исток потпрен со дрвени косници, експониран оџак и дрвени опшивки. Градбата е бојадисана темноокер.[1]

Куќата пред обновувањето[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Куќа на ул. Илинденска бр.13“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-09. Посетено на 2022-02-18. Занемарен непознатиот параметар |acess-date= (help)
  2. 2,0 2,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 44.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]