Куќа на Крапчевци
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Оваа статија се однесува на куќа во Охрид. За куќата во Струга, погл. Куќа на Каневчеви (Струга).
Куќа на Крапчевци | |
---|---|
![]() Куќата на Крапчевци | |
![]() | |
Општи податоци | |
Тип | Куќа |
Стил | Староградска архитектура |
Место | Охрид, Македонија |
Завршена | втора половина на XIX век |
Куќата на семејството Каневчеви (Крапчевци) ― староградска куќа во Охрид, заведена како Културно наследство на Македонија под името Куќа на ул. „Маршал Толбухин“ бр. 2. Куќата била изградена во втората половина на XIX век, а се наоѓа веднаш до црквата Св. Софија. Овде мајсторите-градители постигнале вистинска хармонија во градбата со неправилна основа што има приземје и два ката од кои секој нареден е поширок од претходниот. Нивната виртуозност особено доаѓа до израз на западната, челна фасада на куќата, при обработката на тимпанот како силна завршница на објектот каде што се чувствуваат извесни барокни влијанија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Национален регистар на градби кои се културно наследство (Ажуриран список согласно до 31 декември 2012 година)
- Управа за заштита на културното наследство