Саат-кула (Охрид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Саат-кула
Саат Кула, Охрид.jpg
Поглед на Саат-кулата во Охрид
Саат-кула (Охрид) is located in Охрид
Саат-кула (Охрид)
Местоположба во рамките на Охрид
Општи податоци
МестоОхрид
ЗемјаМакедонија
Координати41°06′57″N 20°47′54″E / 41.11583° N; 20.79833° E / 41.11583; 20.79833
Почната1726 г.
Завршена1726 г.
Обновена1979 г.
Висина12 м

Саат-кулата во Охрид — времемерно здание во градот Охрид.[1] Висока е 12 метри.

Старата саат-кула поседува едноставна архитектура. Се издига на еден раб на малата падина на Градскиот пазар и црквата „Св. Богородица Каменско“ во месноста Дебој.

Била изградена од скадарецот Чавуш Дере Сулејман-ага во 1726 година.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Саат-кулата е вгнездена во зеленилото на Бајрот. Кулата се наоѓа во источниот дел на Самоиловата тврдина, во месноста Дебој, Месокастро.[2]

Градба[уреди | уреди извор]

Часовникот е поставена на камена кула, кој е сместена во дрвениот крај на кулата. Во внатрешниот дел на кулата се наоѓа натпис на кој е забележано името на нејзиниот градител, Чавуш Дере Сулејман-ага.[2]

Самиот часовник во самата саат-кула бил наместен по муслиманско мерење на времето и така останал до Втората светска војна, кога стариот механизам бил заменет со нов, кој го покажувал времето по новите европски стандарди. По овој период, часовникот долго време не работел.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

За изградбата на саат-кулата постојат мошне скудни информации. Сепак се знае дека била изградена во 1726 година, но не се знае нејзината цел, погледнувајќи дека на неа се наоѓаат и четири пушкарници. Поради ова, не се знае дали првобитна била изградена како одбранбен бедем за месокастрани, кои биле надвор од градските ѕидини на Варош или пак како часовник кој во одредено време ги повикувал Турците на молитва.[2]

По Втората светска војна и заменувањето на механизмот, часовникот престанал да работи, но и целата саат-кула почнала да пропаѓа. По 20-тина години започнале одредени странски донации, но состојбата не се подобрила. Во 1965 година во неразјаснети околности, градската саат-кула настрадала во пожар. По пожарот, едноставната градба на кулата била оставена на забот на времето. Повторно, се појавиле странци волни за донации. Со збратимувањето на Нови Сад со Охрид, новосаѓани донирале средства за нов механизам и обнова на кулата. Овој механизам, од чешко производство, сè уште се употребува.[2]

Обновата на саат-кулата била извршена во 1979 година.[3]

Денес, грижата на часовникот е препуштена на охриѓанецот Боро Упевче.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Неловска, Валентина (18 јуни 2011). „Градскиот саат отчукувал и ала турка и ала франка“. Телевизја АТВМ. Охрид. Посетено на 6 април 2016.
  3. „Легендата за тоа како се изградила саат-кулата во Охрид“. Охрид 1. 21 октомври 2015. Посетено на 6 април 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°06′57″N 20°47′54″E / 41.11583° N; 20.79833° E / 41.11583; 20.79833