Куќа на Рилковци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на Рилковци
Ohridska arhitektura 1Q1.jpg
Поглед на куќата (лево)
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови3

Куќа на Рилковци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 33. Му припаѓала на семејството Рилковци и е дел е од комплексот на т.н. Болнички куќи спроти „Св. Богородица Болничка“, кон која гледа главната источна фасада на куќата. На север, преку улицата „Цар Самоил“ граничи со Куќата на Ламбески.[1] Денес му припаѓа на семејството Маринови.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата има голем број добро зачувани елементи. Се состои од приземје и два ката. Конструкцијата е традиционална, карактеристичка својот период — камено приземје и катови од дрвена бондручна конструкција и благи еркерни испусти на катовите. Фасадата е бојадисана со розово има дрвени опшивки околу прозорците и карактеристични истакнати дрвени стреи.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 31.