Црква „Св. Никола Чудотворец“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ова е статија за една од неколкуте цркви во Охрид посветени на Свети Никола. За другите видете Црква „Св. Никола Болнички“, Црква „Св. Никола“ и Црква „Св. Никола Геракомија“
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола Чудотворец
Church of St Nicholas the Wonderworker in Ohrid 4.JPG

Црквата Свети Никола Чудотворец во Охрид

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба
Населено место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Света Никола Чудотворец - Челнички е македонска православна црква која се наоѓа во Охрид, во близина на Св. Богородица - Челница. Изградена е врз остатоци на ранохристијански храм. Била обновувана и сликана со фрески во текот на повеќе векови. Се вбројува меѓу ретките галерии, каде е сочувано ѕидно сликарство во фрагменти во распон од XI до XIV век и натаму.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

"Свети Никола Чудотворец" е еднокорабна црква, ѕидана од камен. Моментално од северната страна, во висина, половина од црквата е под земја. Од она што може да се види на фреските во коработ и во олтарниот дел, може да се заклучи дека потекнува од византиски временски период. Односно, Богородица насликана со Христос во рацете е некаде од XІ - ХІІ век, а фреската што се наоѓа на западниот ѕид Успение на Пресвета Богородица е од XII - XIV век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.