Куќа на Петанови
Изглед
| Куќа на Петанови | |
|---|---|
Поглед на куќата | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | неокласичен |
| Град | Охрид |
| Земја | |
| Завршена | 1929 |
| Технички податоци | |
| Катови | 2 |
Куќа на Петанови — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата се наоѓа во населбата Центар, на ул. „Димитар Влахов“ бр. 35. Изградена е во 1929 година од непознати мајстори.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата е прва во низата од три исти куќи со неоренесанса и необарокна архитектура. Се состои од подрум, приземје и кат. Изградена е масивно, при што темелите и сутеренот се камени, а приземјето и катот се од полни тули. Меѓукатната и покривната конструкциja се дрвени. Куќата има хоризонтална симетрија, хармонично распоредени прозорски отвори и други украси во стил класичниот академизам. Прозорците се со профилирани рамки, имаат вертикални пиластри и хоризонтални профилирани венци.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Куќа на ул. Димитар Влахов бр.35“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 22 октомври 2017.
