Куќа на Арнаудови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Арнаудови
Куќа на ул. „Нада Филева“ бр. 54 Охрид (01).jpg
Поглед на куќата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови3

Куќа на Арнаудови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Куќата се наоѓа во стариот дел на градот, на стрмен наклон на улицата „Климентов Универзитет“ бр. 45 (стара адреса „Нада Филева“ бр. 54) на раскрсницата со ул. „Охридска Архиепископија“. Му припаѓала на Тодор Арнаудов.[2]

На 1 јануари 1951 година куќата е прогласена за споменик на културата.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата се состои од приземје два еркерно издадени ката. Сите ѕидови се малтерисани одвнатре и однадвор. Приземјето и делови од првиот кат се од камен, а остатокот од куќата е бондручен. Значајната косина на теренот води до појавата на два влеза — за приземјето и за првиот кат. На приземието има подрум, керал и нужник. По дрвени скали се доаѓа до првиот кат на кој има три простории – хима, зимнска просторија и чардак, на кој е преградено одајче со вграден долап. На вториот кат има три простории – простран чардак и две спални соби.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Куќа на ул.Климентска бр.45“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 11 ноември 2017.
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 141.
  3. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 154.