Куќа на Ламбески
| Куќа на Ламбески | |
|---|---|
Куќата во 2021 година | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | староградски |
| Адреса | Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 42 (стара адреса) |
| Град | Охрид |
| Земја | |
| Завршена | XIX век |
| Технички податоци | |
| Катови | 3 |
Куќа на Ламбески — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена во стариот дел на Охрид, на улица „Цар Самоил“ бр. 42. Изградена е во XIX век и се вбројува меѓу значајните староградски куќи во Охрид.[1] Била во сопственост на Борис Ламбески.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Куќата е последна од низата куќи во Болничкото Маало и има карактеристичен влез преку премин од видот „темница“. Западната фасада гледа кон дворното место. Градбата се состои од високо камено приземје и два ката со дрвена бондручна конструкција. На приземјето се стопанските простории – визбата, летната кујна, санитарниот јаз и единичните дрвени скалила нагоре. На пвиот кат била зимската кујна, чардакот и една соба, а на вториот имало само една соба и мал чардак. На приземјето и првиот кат имало ѕидани огништа, а на првиот кат има и вграден долап. Првично катовите на куќата се издавале еркерно, но тоа подоцна е отстрането.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на куќата (десно) во 2013 година
- Одблизу предниот дел на куќата во 2021 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Куќа на ул.Цар Самуил бр.42“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 28 септември 2017.
- 1 2 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 32.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Куќа на Ламбески на Ризницата ?
