Куќа на Климент Талев
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Куќа на Климент Талев | |
---|---|
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Тип | куќа |
Стил | неокласичен |
Град | Охрид |
Земја | ![]() |
Завршена | XX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Куќа на Климент Талев — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Куќата е сместена на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 66. Изградена е во периодот меѓу двете светски војни од непознати мајстори.[1]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата изобилува со елементи на неокласичната архитектура. Се состои од приземје и кат — по краевите на фасадата има пиластри, а околу прозорците има украсни шамброни. Приземјето е изградено со наизменична ѕидарија — еден ред бигор, два реда тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Отворите на приземјето се големи и правоаголни, а на катот се исто така правоаголни, но помали. Покривниот венец е со плитка профилација. Покривот е на три води со традиционална ќрамида-каналица.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул. Св. Климент Охридски бр. 66“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 1 октомври 2017. Архивирано на 20 март 2016 г.