Куќа на Љушеви
Куќа на Љушеви | |
---|---|
![]() | |
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | неокласичен |
Град | Охрид |
Земја | ![]() |
Завршена | 1936 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Куќа на Љушеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 50 (или. 48).[2] Изградена е во 1936 година од непознати мајстори.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата се состои од приземје и два ката. Приземјето отсекогаш било предвидено за трговски цели, катовите за живеење. Изобилува со елементи на неокласичната архитектура — еркерни балкони, украсни шамброни околу прозорците и пиластри на аглите. Фасадата е поделена и на хоризонтални полиња. Извесена е масивно, а меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Покривот е на две води со традиционални ќерамиди. Отворот на приземјето е голем и павоаголен, а на катовите отворите се помали, исто така правоаголни. Балконите имаат огради од ковано железо.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул. Св. Климент Охридски бр. 48“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 20 октомври 2017.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 69.