Куќа на Григор Прличев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на Григор Прличев
Ohrid Parlichev house.jpg
Поглед на куќата со биста на Прличев
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилстароградски
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршенапочеток на XIX век
2000
Технички податоци
Катови2

Куќа на Григор Прличев — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија. Како родна куќа на писателот Григор Прличев, таа е претворена во негов спомен-дом, дел од Заводот за заштита на спомениците и музеј на градот.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата се наоѓа во стариот дел на градот, близу до Долни Сарај и црквата „Св. Софија“, во југоисточното подножје на повисокиот охридски рид, на улица „Григор Прличев“ бр. 66. Изградена е веројатно на почетокот на XIX век. Во 1930-тите била во урнатини. Кога Кирил Прличев се вратил во Охрид по бугарската окупација во 1941 г., тој не се вселил во родната куќа, туку во куќата на Ракичевиќ, која е во долниот дел на градот.[1]

Зачувани се два документа за оригиналниот изглед на куќата — скица на горниот кат од Нико Този од 1943 г. која се чува во Државниот архив во Софија и разгледница од 1915 г. Во 1997 г. е покрената иницијатива за обнова на куќата како спомен-дом на Прличев. Камен-темелникот е удрен во 1998 г. Архитект е охриѓанецот Митко Паскали. Дарител на средства бил стопанственикот Минчо Јорданов. Отворена е за јавноста на 6 февруари 2000 г.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Меморијална куќа на Григор Прличев“. Национална установа – Завод за заштита на спомениците на културата и Mузеј – Охрид. Посетено на 8 септември 2017. no-break space character во |publisher= во положба 20 (help)
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 54.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]