Ајдарпашина џамија
| Ајдарпашина џамија | |
|---|---|
Поглед на џамијата | |
| Религија | |
| Припадност | сунитски ислам |
| Локација | |
| Локација | Охрид, Македонија |
![]() | |
| Географски координати | 41°7′21″N 20°47′4″E / 41.12250°N 20.78444°E |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
| Стил | османлиски |
| Завршена во | 1456 |
| Минаре(иња) | 1 |
| Designated as NHL | културно наследство на Македонија |
Ајдарпашина џамија — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2][3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Џамијата е сместена на стариот пат за Струга во населбата Воска, на денешната улица „Гоце Делчев“, и е најстарата џамија во Охрид.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Според натписот на влезот, џамијата е изградена во 1456 година, а според натписот на надгробната плоча на Ајдар-паша, датумот е 976 по хиџрата или 1567 – 1568 година. Се смета дека сегашната градба е од овој подоцнежен период.[2] Во XIX век во џамијата работела медреса (верско училиште).[1][2] За постоењето на храм од XV век (1456) сведочат видливите остатоци од архитектура на југозпадниот ѕид — веројатно џамијата првично била куполна градба, типична за класичната османлиска архитектура од тој век.[2]
На 22 март 1968 година Ајдарпашината џамија е прогласена за споменик на културата.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Џамијата има правоаголна основа. Има покрив на четири води со ќерамиди, а од внатрешната страна има слепа купола. Минарето е на западната страна и во него се влегува од внаре, што е типично за џамиите од XIX век. Во јужниот агол во внатрешноста е новиот минбер од цемент. Михработ е на средината на југоисточниот ѕид, а махвилот (галеријата), на бетоннски столбови ја зафаќа целата северозападна страна. Во куполата има калиграфски напишани стихови од Куранот, геометриски и цветни украси. Такви има и кај насликаните лехви на североисточниот, југоисточниот и југозападниот ѕид меѓу горниот ред прозорци. Осветлувањето е преку прозорци со облик на прекршен лак и сместени на секој ѕид во два река. Првичниот трем е споен со молитвениот простор и таму се оформил новиот махвил. Изграден е нов затворен трем. На југозападната страна на храмот има турбе со правоаголна основа, димензии од 6,65 м х 4,00 м и покрив на четири води. Во него има три гроба, од кои едеен е на Ајдар-паша.[2]
За градење на џамијата е користен опусот клоазоне, обработени камени блокови врамени со три реда хоризонтално поставени тули и по две тули поставени вертикално помеѓу секој од камените блокови. Истиот опус на градење е користен и за турбето.[2]
Во дворот на џамијата има поголем број надгробни плочи.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Културно наследство“. Охрид. Архивирано од изворникот на 2017-08-17. Посетено на 14 јули 2017.
- 1 2 3 4 5 6 7 „Хајдар Паша џамија“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-08-18. Посетено на 18 август 2017.
- ↑ Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 49–50. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 155.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Ајдарпашина џамија на Ризницата ?
