Михраб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михраб во џамија во Каиро

Михраб (арапски: محراب) — ниша во ѕидот во џамија што е насочена во правец на киблата (Ќабата во Мека) кон која се свртени муслиманите за време на молитвите.

За време на заедничките молитви во џамијата, имамот стои во михработ, а останатите клањачи се наоѓаат зад него.

Зборот „михраб“ изворно нема верско значење и во арапскиот јазик означува посебна просторија во куќата, на пример во средновековните замоци, собата каде се наоѓа престолот. Кај првите генерации муслимани и кај претходните верски заедници кои постоеле во арапското говорно подрачје, под терминот михраб се подразбирало и посебно место во куќата во кое се извршувала молитвата. Калифот Осман Ибн Афан (644 — 656) наредил да се означи ѕид во џамијата на Пророкот во Медина во правец на Мека, така што верниците знаат во кој правец се наоѓа киблата.

До владеењето на Велид I (705 — 715), тоа било само место означено на ѕидот. Намесникот на Медина Омер Ибн Абдул-Азиз таа ознака ја проширил и заменил со ниша во ѕидот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]