Храмова Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на Храмовата Гора
Вториот храм модел

Храмова Гора (хебрејски Хар ХаБаит, на арапски الحرم الشريف ал-Харам ал-Шариф) — верски објект во стариот град во Ерусалим, најсветото место за јудаизмот и третото најсвето место во исламот.

Историја на храмот[уреди | уреди извор]

На ова место бил изграден првиот храм познат како Храмот на Соломон во 967 година п.н.е. и истиот бил разрушен од страна на вавилонците во 586 година п.н.е. како и вториот ерусалимски храм. Во времето на Ирод Велики повторно бил изграден храмот кој бил многу поголем од предишните. По рушењето на вториот храм од страна на римјаните, единствен остаток од овој храм е Ѕидот на плачот, најсветото место на евреите. За овој ѕид, долго време се сметало дека е основниот ѕид на самиот храм, но денеска е познато дека тоа е само потпорен ѕид.

Верски објект[уреди | уреди извор]

Јудаизам[уреди | уреди извор]

По рушењето на вториот храм од страна на римјаните, единствен остаток од овој храм е Ѕидот на плачот, најсветото место на евреите. За овој ѕид, долго време се сметало дека е основниот ѕид на самиот храм, но денеска е познато дека тоа е само потпорен ѕид.

Исалам[уреди | уреди извор]

На рамниот дел од некогашниот дел од храмот ( односно зад ѕидот на плачот, каде всушност и била точната локација на храмот), се наоѓа третото најсвето место за исламот, односно тоа е местото според кое се верува дека Мухамед скокнал на својот коњ и воскреснал. Ова место како и џамијата Ал Акса се најсветите места по оние во Мека и Медина за муслиманите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]