Прејди на содржината

Црква „Големи Свети Врачи“

Координати: 41°6′48″N 20°47′35.7″E / 41.11333° СГШ; 20.793250° ИГД / 41.11333; 20.793250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Големи Свети Врачи
Св. Кузман и Дамјан

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба

Карта

Координати 41°6′48″N 20°47′35.7″E / 41.11333° СГШ; 20.793250° ИГД / 41.11333; 20.793250
Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кузман и Дамјан
Завршено XIX век
Живопис Дичо Зограф
Зограф разни
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика

Големи Свети Врачи (Св. Кузман и Дамјан) — црква во стариот дел на Охрид. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во горниот дел на маалото Варош, над црквата „Св. Софија“, и доминира над градот.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Храмот е изграден на местото на стара сакрална градба. Според писмените извори, на ова место имало стара црква, исто така посветена на Светите Врачи Кузман и Дамјан, изградена во XI век од охридскиот архиепископ Теодул I (1056 – 1065). Во 1694 г. Кузман Китиски во својот список на парохиите вели дека црквата е енориски храм на тогашната Втора парохија во Варош. Сегашната градба, според натписите на некои икони во внатрешноста, веројатно е изградена во 1830-тите. Подоцна е преправана.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата претставува трикорабна базилика со внатрешна купола на четири столба. Изградена е од обработен бигор со употреба на делкан камен за венците и аглите. На исток има седумстрана апсида.[2]

Внатрешност

[уреди | уреди извор]
„Пресвета Богородица Патеводителка“, прва половина на XIΙI век. Оваа икона од црквата денес е изложена во Галеријата на икони.

Во внатрешноста живописана е само куполата, каде е претставен Исус Христос Седржител и четворицата евангелисти, дело на Дичо Зограф.[2] Кај влезната врата на црквата има фреска од Дичо Зограф, изработена во 1867 г. на која се претставени покровителите Кузман и Дамјан.[3][4]

Во храмот има шеесетина вредни икони, повеќето дела на зографите Михаил Георгиу и Константин Јоану од Селица во Населичко, Егејска Македонија. Велелепниот иконостас е дело на Мануил Георгиу, исто така од Селце, и е изработен во 1850 година. Најзабележителни се дрвените плочи на цоклето на иконостасот, на кои нетрадиционално и уникатно се насликани глетки со градски куќи. Четирите престолни икони се Светите Врачи, Исус Христос, Богородица со Исус и св. Јован Крстител; тие датират од 1830-тите и се дело на разни зографи како Анастас Магаревски, свештеникот Ристо Константинов, Константин Јоану и Мануил Георгиу.[2] Во црквата има творби на зографот-јеромонах Антониј Јоанович од Битолско.[5]

Царски двери

[уреди | уреди извор]
Живопис од Дичо Зограф во црквата.

Царските двери од црквата датираат од средината на XVI век и се дело на истакнатата ликовна работилница која делувала на територијата на Охридската архиепископија. Денес овие двери се поставени на иконостасот на црквата „Пресв. Богородица Перивлепта (Севидна)“, исто така во Охрид. Други дела на истата работилница се царските двери на самата „Пресв. Богородица Перивлептос“ — денес во Националниот историски музеј во Софија, дверите од „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, дверите од неутврдена црква во Охрид — денес во Народниот музеј во Белград, дверите во „Св. Никола“ во Кореница, дверите од „Св. Ѓорѓи“ во Горна Влашка Маала во Охрид и дверите од „Св. Никола“ во Присовјани.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Црква Големи Свети Врачи (Св. Кузман и Дамјан)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 23 јуни 2016. Занемарен непознатиот параметар |publisherf= (help)
  3. Кузмановски, Ристо. „Охрид и неговите ризници“. СВЕТИ КУЗМАН И ДАМЈАН - СВ. ВРАЧИ ГОЛЕМИ. www.ohrid.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 15 април 2015.
  4. „Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион“. Посетено на 15 април 2015. Занемарен непознатиот параметар |publish= (help)
  5. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 71. ISBN 978-608-203-023-4.
  6. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 145.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]