Црква „Св. Троица“ - Велестово
|
|
Црквата „Света Троица“ во селото Велестово |
|
Македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Деветта охридска |
Местоположба | |
---|---|
Населено место | Велестово |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Изградба | 1986 година |
Осветување | 1989 година |
Архитектонски опис | |
Портал „МПЦ“ |
Света Троица е главната манастордка црква на истоимениот манастирски комплекс кој се наоѓа во близина на селото Велестово, на падините на Галичица, во околината на градот Охрид. Црквата е сместена во листопадна шума во еден дол, под самото село, од десната страна на патот кој води кон селото Велестово. Изградена е на место на постар средновековен истоимен манастир, од семејство со потекло до селото Велестово. Во манастирот постојат и конаци. Темелите се осветени во 1986 година, осветена на 21 јули 1989 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Ктитори на манастирот се Наум и Благуна Митрески од село Велестово.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Деветта охридска парохија“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://dke.org.mk/namesnistva.asp#9. посет. 13 јануари 2011 г.
![]() |
„Црква „Св. Троица“ - Велестово“ на Ризницата ? |