Црква „Св. Никола“ - Опеница
Изглед
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Охридско |
| Парохија | Коселска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°10′57.37″N 20°52′11.79″E / 41.1826028°N 20.8699417°E |
| Место | Опеница |
| Општина | Охрид |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | 1924 |
| Осветување | 2008 |
| Живопис | ? 2005 (нов, вторпат) |
| Зограф | Драган Ристески |
| Архитектонски опис | |
Свети Никола — главна селска црква во охридското село Опеница.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1924 година.[2]
Сепак, постои легенда дека црквата била најпрвин изградена кон крајот на XIX век, од страна на татко, чие дете било спасено од давење во селската река.[3]
Надворешноста на црквата, како и покривот, биле целосно обновени во 2000 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата поседувала стар фрескоживопис, кој исчезнал низ времето. Во 2005 година бил изработен нов фрескоживопис од страна на уметникот Драган Ристески од градот Охрид.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезот во црквата
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
- Апсидата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-11-30.
- ↑ Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ „Осветување на црквата „Св. Никола" - с. Опеница, Охрид“. Повардарска епархија. 8 јуни 2008. Посетено на 2010-08-01.


