Црква „Св. Климент“ - Велгошти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Климент
Sv. Kliment - Velgoshti 03.JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Велгошка
Местоположба
Населено место Велгошти
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Климент Охридски
Изградба 1872
Осветување 6 декември 2015 (реосветена)
Живопис 1944
1982
Зограф Коста Иванов
Марјан Ристески
Архитектонски опис
Архитектонски тип Tробродна базилика
Портал „МПЦ“

Свети Климент или помалку користеното Свети Пантелејмон е главната селска црква во охридското село Велгошти. Таа воедно е и главна парохоска црква на Велошката патохија[1]. Црквата е изградена во 1872 година. Делумно фрескоживописана е во 1944 година од страна на зографот Коста Иванов од Тресонче, а останатите делови во 1982 година, од страна на уметникот Марјан Ристески од село Велгошти. Црквата преставува тробродна базилика. Има полукружна апсида. Внатрешниот дел на покривот е сводест. Целиот иконостас е споменик на културата. Во црквата се наоѓа следниов запис:

„Живописот е изработен во 1944 година од Коста К. Иванов иконописец од с. Тресонце , Дебарско,за време на инорискиот свештеник Леонит Ив. Трпенов со милоста божја . Мат.помош благочест на Христа од с. Велгошти“

Црквата е реосветена на 6 декември 2015 година по повод 180 години од изградбата на храмот и 100 години од реосветувањето на истиот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Цркви во Велгошката парохија“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://www.dke.org.mk/namesnistva.asp#vel. конс. 13 октомври 2010 г. 
  2. покана за реосветување

Галерија[уреди | уреди извор]