Црква „Св. Никола“ - Љубаништа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Пештанска
Местоположба
Населено место Љубаништа
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Живопис 14 век
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Никола е македонска пештерна црква која се наоѓа на пазувите на планината Галичица, на нејзината јужна падина наречена Осој, помеѓу туристичкиот камп Љубаништа и манастирската црква Св. Заум. Сместена е во стрмни карпи.

Живопис[уреди | уреди извор]

Покрај насликаниот фреско-живопис, на самото место е пронајдена покривна и подна керамика. Во релативно широкиот простор на нерамните површини се насликани композициите: Успение на Пресвета Богородица, „Христовото Распетие“, „Слегувањето во пеколот“, „Мироносници на празниот Христов гроб“, „Дејзис“, како и светителските ликови на свети Стефан архиѓакон, свети Василиј, света Петка и војсководителот на Небесните Сили - Архиѓаконот Михаил. За жал не е зачувана фигурата на патронот на оваа пештерна црква-чудотворецот Никола, но се распознаваат фрагменти на светител кој се наоѓа насликан помеѓу свети Василиј Велики и свети Јован Крстител, лик кој би одговарал по местоположбата во која би се наоѓала светителската фигура на свети Никола. Анализирајќи го овој живопис се заклучува дека ова сликарство во целост им припаѓа на уметничките ликовни остварувања од последните децении на XIV век. Зографот што ги работел овие фрески бил од кругот на охридските сликарски работилници, сликарство кое најмногу се доближува иконографски во смисла на компонирање на сцените, до сликарството на црквата Свети Димитрија во Охрид. Овде изненадува богатата палета на непознатиот зограф и сочноста на неговиот колорит со јарко црвени и сини бои. Неговите фигури се витки, со една воздржана елегантност и со пластично моделирани ликови. Зографот бил вешт цртач, неговите потези се куси и сигурни, а неговото внимание е свртено кон обработката на ликовите и драпериите коишто го следат движењето на телото. Во таа смисла се истакнува извонреднио насликаната фигура на Марија Магдалена.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ангеличин Жура, Гоце (2004) (на македонски). Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион (Р. Македонија, Р. Албанија, Р. Грција). Ирис. ISBN 9989114145.