Прејди на содржината

Црква „Св. Илија“ - Елшани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоОхридско
ПарохијаПештанска
Местоположба

Карта

Координати41°1′35.6″N 20°48′51.1″E / 41.026556°N 20.814194°E / 41.026556; 20.814194
МестоЕлшани
ОпштинаОхрид
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Илија
ИзградбаXV век
Живопис1944
ЗографРафаил Крстов
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Свети Илија — главна селска црква во охридското село Елшани.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Елшани.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена на возвишение, во средишниот дел на селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Била изградена во XV век. Во 1859 година била возобновена.[2]

Во 2009 година во црквата била извршена тешка кражба[3].

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е еднокорабна. На север, запад и југ е опкружена со затворен трем. Кон црквата е додадена камбанарија со две ѕвона.[4]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата го добила својот живопис во 1944 година од страна на зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, а олтарот е фрескоживописан во 2002 година од страна на уметникот Драган Ристески.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 45. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2020-01-06.[мртва врска]
  3. ↑ „Ограбена црква во Елшани“. Ohrid News. 11 јули 2009. Посетено на 2010-05-14.
  4. ↑ Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]