Црква „Св. Никола“ - Кореница

Координати: 41°21′16.1″N 21°19′36.7″E / 41.354472° СГШ; 21.326861° ИГД / 41.354472; 21.326861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Втора кривогаштанска
Местоположба

Карта

Координати 41°21′16.1″N 21°19′36.7″E / 41.354472° СГШ; 21.326861° ИГД / 41.354472; 21.326861
Место Кореница
Општина Кривогаштани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1859
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Кореница, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа на самиот влез во селото Кореница. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена јужно од селото Кореница.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Изградена е врз темелите на постара црква и осветена е во 1859 година од митрополитот Венедикт Византиски.[3] Според други извори, црквата била подигната во 1921 година, а претходно на тоа место имало рушевини од стар храм.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Претставува еднокорабна, полукружно засводена градба со полукружна апсида на источната страна, разчленета на пет слепи ниши.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Главна знаменитост во црквата се царските двери од средината XVI век, дело на истакната ликовна работилница која делувала на територијата на Охридската архиепископијата.[4] Други дела на истата работилница се царските двери на „Пресв. Богородица Перивлептос“ во Охрид (денес во Националниот историски музеј во Софија), дверите од „Големи Свети Врачи“ (денес на иконостасот на „Пресв. Богородица Перивлептос“, дверите од неутврдена црква во Охрид (денес во Народниот музеј во Белград), дверите во „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, дверите од „Св. Ѓорѓи“ во Горна Влашка Маала во Охрид и дверите од „Св. Никола“ во Присовјани.[5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 „Црква „Свети Никола", село Кореница“. OLDPRILEP.COM. 2012-03-08. Посетено на 2022-01-06.
  4. Николовски, Дарко (1996). „Царските двери од село Кореница, Прилепско“. Тематски зборник на трудови (1): 59–72.
  5. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, в: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 145.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]