Шадрван на шехот Зекерија
Изглед
| Шадрван на шехот Зекерија | |
|---|---|
Шадрванот на шехот Зекерија десно од Турбето на Хајати Баба | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | шадрван |
| Стил | османлиски |
| Град | Охрид |
| Земја | |
| Завршена | XIX век |
Шадрван на шехот Зекерија — стар шадрван од османлиско време во Охрид,[1] прогласен за културно наследство на Македонија како дел од комплексот на теќето „Зејнел Абедин-паша“.[2][3]
Шадрванот се наоѓа од западната страна турбето на Хајати Баба и е служел за обредно миење пред молитва, како и за мисраф-шадрван — место за прием на гости, одмор и разговор на дервишите.[1] Изграден е од шехот Зекерија, кој го доградил и турбето. Има издолжен неправилен седумаголен облик со дрвена конструкција и покрив од турски ќерамиди. Изграден е од бондрук, а ѕидовите се варосани. Во шадрванот се зачувани миндерите за седење околку средишната фонтана.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 42. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста
|isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. - 1 2 „Споменичка целина Зејнел Абедин Паша“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-16. Посетено на 16 септември 2017.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 77.[мртва врска]
