Црква „Св. Никола“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ова е статија за една од неколкуте цркви во Охрид посветени на Свети Никола. За другите видете Црква „Св. Никола Болнички“, Црква „Св. Никола Чудотворец“ и Црква „Св. Никола Геракомија“
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Crkva Sv.Nikola-Ohrid.jpg

Црквата Свети Никола во Охрид

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Деветта охридска
Местоположба
Населено место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1863 година
Зограф Драган Ристески и Дичо Зограф
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Света Никола е македонска православна црква која се наоѓа во Охрид, на улицата Партизанска и Спас Банџов, во Долна Влашка Маала близу Охридати. Според преданието кога Џеладин бег го запалил Моско Поле поголем дел од влашкото население се доселило во Охрид и ја подигнало оваа црква.[1] Според натписот на грчки јазик кој стои над влезната врата во црквата, таа е изградена во 1863 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена од цврст материјал: камен и варов малтер, сите ивици се направени од делкан камен, а апсидата изобилува со прекрасни арки од делкан бигорен камен. Таа е еднокорабна засводена со две слепи кубиња, и е невообичаено за тој временски период што не е фрескоживописана. Фрескоживописот кој денес може да се забележи е од раката на Драган Ристески од село Сирула. Иконостасот на црквата е правен од раката на Дичо Зограф од Тресонче и допојасните престолни икони. Инересно е да се напомне дека дверите на иконостасот, и распетието, не се вклопуваат според стиловите, па поради тоа има мислење дека Распетието, и дверите, се донесени од изгорената црква во Москополе.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Св. Никола“ - Охрид“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://www.dke.org.mk/namesnistva.asp#1. конс. 17 март 2012 г.