Емин Махмуд џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емин Махмуд цамија
Xhamia e Emin Mahmutit në Ohër 2.JPG
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°7′4.4″N 20°47′31.7″E / 41.117889° СГШ; 20.792139° ИГД / 41.117889; 20.792139Координати: 41°7′4.4″N 20°47′31.7″E / 41.117889° СГШ; 20.792139° ИГД / 41.117889; 20.792139
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
ЗавршенXVIII век
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Емин Махмуд џамија (или Чингене џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]

Џамијата е сместена Воска амамот во населбата Воска, на стариот пат за Струга, денес улица „Гоце Делчев“.[1] Датира од XVIII век.[3]

Градбата има неправилна осумаголна основа, при што секој ѕид има различна должина. Покривот е од ќерамиди на осум води, а од внатрешната страна има слепа купола. На северната фасада подоцна е дограден трем. Минарето е на северозападниот агол и до него се доаѓа од внатрешноста преку влезови од молитвениот простор и од махвилот. Постаменотот на минарето е направен од обработени камени блокови, а телото е изработено од тули. Целото минаре е малтерисано. И самата џамија е изградена од камен, а потоа малтерисана. Шерефето на минарето има проста метална ограда.[1]

Михрабната ниша е обична, минберот е дрвен, а махвилот ја опфаќа целата ширина на северниот ѕид. Осветлена е со прозорци поставени во два реда на секоја страна, со исклучок на страните каде се поставени михработ и влезната врата. Во куполата има цветни украси, а околу прозорците, влезот и махвилаот има обраби.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Емин Махмуд Џамија“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 18 август 2017. Архивирано на 4 јули 2016 г.
  2. Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 60–62. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  3. Pavlov, Zoran (2012). „The Ottoman Mosques in Macedonia (Development and types of the Ottoman mosques in Macedonia from the end of 14th until the end of the 19th century)“. Османлиското градителство на почвата на Македонија, том 1. Прилози за изтражувањето на историјата и културата на почвата на Македонија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 24: 6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]