Куќа на Ѓурчинови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на Ѓурчинови
Куќа на ул. „Кеј Маршал Тито“ бр. 5.jpg
Поглед на куќата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилнеокласично-необарокен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1930
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектЃорѓи Ѓурчинов

Куќа на Ѓурчинови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена на почетокот на шеталиштето „Кеј Македонија“ бр. 6 (стара адреса „Кеј Маршал Тито“ бр. 3).[3] Изградена е во 1930 година од инженерот Ѓорѓи Ѓурчинов, нејзиниот сопственик. Се одликува со строга симетрија и богато обработена со неокласични и необарокни елементи на југоападната фасада насочена кон шеталиштето. Кон европските стилови се придодадени и традиционалните архитектурни тенденции, како и личен дизајнерски елемент. Забележителни се слободно обработениот тимпанон, заоблените линии на прозорците и ложите, богато обработената ограда, играта на светлосенки во лаковите на катот, кои ја прават фасадата необично жива. На северозападната фасада се истакнува издадената веранда, која наликува на еркерната издаденост на традиционалната македонска староградска архитектура.[1]

На 11 декември 1989 година куќата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Куќа на кеј Маршал Тито бр.6“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 31 август 2017.[мртва врска]
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 81.
  3. 3,0 3,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 154.