Од Википедија — слободната енциклопедија
Судската палата во Минхен, Германија.
Операта Гарние во Париз, Франција.
Митрополитската резиденција во Битола, Македонија.
Градскиот дом на Белфаст, Северна Ирска.
Необарок или барокна возобнова — истористички архитектонски стил кон крајот на XIX век [1] кој зајмува разни архитектонски и вајарски елементи од барокот . Овие елементи биле важен дел од наставната програма во Вишата школа за убави уметности во Париз (École des Beaux-Arts ) во втората половина на XIX век, која извршила големо влијание врз архитектурата во Франција и во странство. Од неа произлегол и стилот бозар (Beaux-Arts ), наречен по установата.
Поради својата величественост, стилот се проширил низ разни земји во светот и се здобил со статус на државна архитектура во европските сили како Британија и Франција, но и како одраз на државноста на новообединетите земји како Германија и Италија.
Митрополитска резиденција во Битола , Македонија
дворец Акасака (1899–1909), Токио , Јапонија
дворец Алфераки (1848), Таганрог , Русија
Ештонов споменик (1907–1909), Ланкастер , Англија
Градски дом (1898–1906), Белфаст , Северна Ирска
Белоселско-белозерски дворец (1747), Санкт Петербург , Русија
Музеј Боде (1904), Берлин , Германија
Парламент на Британска Колумбија (1893–1897), Викторија , Британска Колумбија, Канада
Дворски театар (1888), Виена , Австрија
Градски дом (1897-1906), Кардиф , Велс
Кристијансборг (1907–1928), Копенхаген , Данска
Нациионален театар „Лучијан Блага“ (1904–1906), Клуж-Напока , Романија
Џамија Ортаќој (1854–6), Истанбул , Турција
Долмабахче (1843–1856), Истанбул, Турција
поседнички дом Елмс (1899–1901), Њупорт , Род Ајленд, САД
Национален театар (1899), Осло , Норвешка
Опера Гарние (1861–1875), Париз , Франција
Пристаништна управа (1903–07) Ливерпул , Англија
поседнички дом Роузклиф (1898–1902), Њупорт, Род Ајленд, САД
Кралски музеј на Централна Африка (1905–1909), Тервирен , Белгија
Земперова опера (1878), Дрезден , Германија
Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“ (1924–1934), Софија , Бугарија
Национална ликовна галерија „Захента “ (1898–1900), Варшава , Полска
Црква „Св. Варвара“ (1910), Бруклин , Њујорк , САД
Црква „Св. Јован Кентиски“ (1893–1898), Чикаго , САД
Црква „Св. Игнациј Лојолски“ (1895–1900), Њујорк , САД
Црква „Св. Петар и Павле“ (1932–39), Атлон , Ирска
Катедрална базилика (1882), Салта , Аргентина
Бања „Сечењи“ (1913), Будимпешта , Унгарија
Народен театар (1889), Виена, Австрија
Национална уметничка галерија (поранешен Царски дворец), Софија, Бугарија
дворец Венкхајм (1886–1889), Будимпешта, Унгарија
дворец Штефанија (порано „Парк-клуб“) (1893–1895), Будимпешта, Унгарија
Голем Театар (1908–1915), Хавана , Куба
Стара собраниска зграда (1930), Коломбо , Шри Ланка
Споменик на Виктор Емануел (1885–1925), Рим , Италија
Народно собрание на Србија (1907–1936), Белград , Србија
Градски дом, Дурбан , ЈАР
James Stevens Curl; "Neo-Baroque." A Dictionary of Architecture and Landscape Architecture; Oxford University Press. 2000. — Encyclopedia.com