Прејди на содржината

Црква „Св. Димитриј“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Димитриј Мироточиви

Црквата Свети Димитриј во Охрид

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоОхридско
ПарохијаПрва охридска
Местоположба

Карта

МестоОхрид
ОпштинаОхрид
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Димитриј Солунски
ИзградбаXIV век
ЖивописXIV век
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Свети великомаченик Димитриј Мироточивмакедонски православен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, недалеку од Горна порта, на излезот од дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта од левата страна, веднаш до Галеријата на икони. Се вбројува во редот на помалите охридски цркви кои се изградени и живописани во XIV век. Не се сочувани историски податоци за изградбата на оваа еднокорабна црква со тристрана олтарна апсида. Фрескоживописот е поделен во три зони и е дело на непознат зограф со високи уметнички квалитети. Карактеристичен за оваа црква е и "Големиот змиски крст", кој потекнува од XVII век[1].

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „„Св. Димитриј" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]