Прејди на содржината

Црква „Св. Климент Охридски“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Мал) Свети Климент Охридски

Црквата Мал Свети Климент во Охрид

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоОхридско
ПарохијаПрва охридска
Местоположба

Карта

МестоОхрид
ОпштинаОхрид
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Климент Охридски
ИзградбаXIV век
ЖивописXIV век
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Свети Климент Охридски позната како Мал Свети Климентмакедонски православен храм, кој се наоѓа помеѓу куќите во срцето на стариот дел на градот Охрид на улицата Методи Патчев веднаш над познатата Куќа на Робевци. Оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви од XIV век. Фрескосликарството на непознатиот локален зограф е едно од подобрите остварувања во Охрид. Треба да се спомене дека во XIV век, кога манастирот "Свети Пантелејмон" е претворен во џамија, моштите на св. Климент се пренесени токму во оваа црква[1].

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „„Црква Мал Свети Климент Охридски" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-20.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]