Прејди на содржината

Црква „Св. Варвара“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Варвара

Црквата Свети Варвара во Охрид

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоОхридско
ПарохијаПрва охридска
Местоположба

Карта

МестоОхрид
ОпштинаОхрид
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвета Варвара
Изградба1965 година
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Света великомаченица Варварамакедонски православен храм, кој се наоѓа во срцето на стариот дел на градот Охрид, веднаш до влезот на античкиот театар, на главната улица „Илинденска“, која води кон горната порта на Самолиовата тврдина. Изградена е во 1965 година. На самото место постоело камарче во кое стоела иконата на св. в-мца Варвара, кое што и денес постои на северниот ѕид. После уривањето на придружните објекти и демонтирањето на иконостасот на црквата "Св. Јован" - Канео, истиот е монтиран во оваа црква, а иконите се сместени внатре во црквата со цел да се заштитат[1].

  1. „„Св. Варвара" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-20.