Куќа на Петруш Вангелов
Изглед
| Куќа на Петруш Вангелов | |
|---|---|
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | староградски |
| Адреса | ул. „Коста Рацин“ бр. 45 ул. „Коста Рацин“ бр. 49 (стара адреса) ул. „Коста Рацин“ бр. 31 (стара адреса) |
| Град | Охрид |
| Земја | |
| Завршена | XIX век |
| Технички податоци | |
| Катови | 3 |
Куќа на Петруш Вангелов — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Коста Рацин“ бр. 31.[1][2][3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31).
Архитектура
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31). Изградена е во XIX век и претставува единствената преостаната староградска куќа во маалото. Се состои од приземје и два ката. Приземјето и дел од првиот кат се камени, а остатокот е бондручен. Катовите се еркерно издадени, потпрени на дрвени косници. Фасадата има дрвени опшиви на аглите, скромни стреи и ритмично распоредени отвори.[1] Била во сопственост на Петруш Вангелов.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Западната страна одблизу
- Северната страна на куќата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Куќата на ул.Коста Рацин бр.45“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 10 ноември 2017.
- 1 2 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 46.[мртва врска]
- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 30 август 2022.
