Прејди на содржината

Магаза на Сулејман Хамди Џељо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магаза на Сулејман Хамди Џељо
Поглед на магазата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видмагаза
Адресаул. „Свети Климент Охридски“ бр. 5
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови2

Магаза на Сулејман Хамди Џељомагаза во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 5, на плоштадот „Крушевска Република“ спроти Стариот чинар. Изградена е во втората половина на XIX век од непознати мајстори. Се состои од подрум и приземје и кат. Првите две се изградени од камен, а катот е напарвен од наизменични хоризонтални појаси од бигор и полна тула. Аглите се обликувани од обработени блокови со плитка во вид на пиластри. Отворите на приземјето и на катот се сводести, од полна тула. Од полна тула е пиластерот во средината на фасадата, тимпанонот и венецот. Металните капаци типични за магазите не се зачувани. Високо горе на фасадата има мермерна плоча со натпис на арабица — единствената плоча на туѓ јазик од деветте зачувани плочи на охридските магази.[1] Му припаѓала на Сулејман Хамди Џељо.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Магаза на ул. Св. Климент Охридски бр.5“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-05. Посетено на 5 септември 2017.
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 70.