Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Косел (стара)

Координати: 41°10′26″N 20°50′14.6″E / 41.17389° СГШ; 20.837389° ИГД / 41.17389; 20.837389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Коселска
Местоположба

Карта

Координати 41°10′26″N 20°50′14.6″E / 41.17389° СГШ; 20.837389° ИГД / 41.17389; 20.837389
Место Косел
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба XV век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Никола — главна селска и средновековна црква во охридското село Косел.[1]

Црквата е прогласена за заштитен споменик на културата на Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата потекнува од XV век.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Поседува специфична архитектура со мали димензии. Слична е на повеќето еднокорабни цркви во околината на Охрид.[2]

Црквата е едноставна градба од продолжен тип. Има ниска тристрана апсида.[3]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Фреските до започнувањето на конзервацијата биле многу оштетени.[3]

Конзервирање

[уреди | уреди извор]

Во 2014 година се реализирала шестата фаза од проектот за реставрација и конзервација на црквата. Интензивно бил обновен целокупниот фрескоживопис.[2] Последната фаза чинела околу 3,9 милиони денари и била реализирана од стручни екипи на Заводот и музеј Охрид со поддршка на Министерството за култура.[4]

Во рамки на претходните фази кои се спроведувале во периодот 2008-2014 била извршена конзервација на архитектурата на црквата, која се наоѓала во многу лоша состојба и постоела опасност за рушење.[5] Објектот бил статички зајакнат, целосно бил препокриен, бил расчистен просторот и биле заменети старите врати со нови.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Макфакс (2014-08-17). „Се конзервираат фреските во црквата „Свети Никола" во Косел“. МАКФАКС. Посетено на 2019-11-13.
  3. 3,0 3,1 „Црквата Свети Никола во с. Косел - охридско“. www.macedonium.org. Посетено на 2019-11-13.
  4. „Целосно реставрирана црквата „Св. Никола" во охридски Косел“. А1он (англиски). 2014-08-25. Посетено на 2019-11-13.
  5. Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]