Црква „Св. Стефан“ - Шипокно
Свети Стефан | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Охридско |
| Парохија | Втора охридска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°4′25.9″N 20°48′15.4″E / 41.073861°N 20.804278°E |
| Место | Шипокно |
| Општина | Охрид |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Стефан |
| Изградба | XIII век |
| Живопис | XV век |
| Архитектонски опис | |
Свети Стефан, попозната како Свети Стефан Панцир — македонска пештерна црква, која се наоѓа во охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан.[1] Црквата претставува главна манастирска црква на Шипокничкиот манастир.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во атарот на селото Шипокно, веднаш над регионалниот пат Охрид-Свети Наум, над последните градби од новата туристичка населба Свети Стефан. За да се дојде до нејзе треба да се сврти лево од патот за Свети Наум и да се продолжи над синдикалното одморалиште „Орце Николов“.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Се верува дека била подигната во текот на XIII век.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е полуоблесто соѕидана во шуплина на карпа.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Својот живопис го добила во XIV век и XV век,[3] благодарение на помошта на широк круг ктитори од Охрид и од околните села. На ова укажува натписот испишан во нишата на ѓаконикот од кој се дознава дека дарители биле граѓаните од Велики Варош односно од градот Охрид и луѓето од соседните села: Шипокно, Горица и Коњско.[4]
Внатрешноста на пештерната црква е исликана со извонреден фрескоживопис, но тој е во голема мера оштетен. Во долната зона на апсидниот простор е насликана Света Богородица со малиот Христос пред себе. Од црковните светители се насликани „Св. Василиј Велики“, „Св. Јован Златоуст“ и „Св. Атанасиј Александриски“. Извонреден е ликот на патронот кому му е посветена оваа пештерна црква. Архиѓаконот и првиот христијански маченик Стефан, насликан во нишата на жртвеникот. Големата композиција Дејзис или кај народот позната како „Второто пришествие Христово“ е насликана на северниот ѕид, а до неа е насликана најпочитуваната светителка Света Петка. Од она што денес останало, според општиот цртеж на фигурите, карактеристичната обработка на формите со слободни потези и сочниот нанос на боите, ова сликарство го прават најблиско до црквата посветена на Сите Светители во селото Лешани, недалеку од Охрид и поради тоа се чини дека оваа пештерна црква е живописана пред самиот крај на шестата деценија на XV век, кога веќе се насетувала промената во начинот на работата на охридските уметници.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата поседува иконостас.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Фреска на Богородица
- Фрески на два светитела во внатрешноста на црквата
- Око на Провидението, икона во црквата
- Иконостасот во црквата
- Влезот
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 45. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 „Пештерна црква Свети Стефан - Панцир“. www.macedonium.org. Посетено на 2020-01-22.
- ↑ Г. Ангеличин-Жура, Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион /Р Македонија, Р. Албанија, Р. Грција), Струга 2004
- ↑ Subotić, Gojko (1980). Ohridskata slikarska škola od XV vek. Zavod za zaštita na spomenicite na kulturata.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Стефан“ - Шипокно на Ризницата ?
| ||||||||


