Козлук (Охрид)
Козлук — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Наоѓалиштето претставува населба од римско време[1]. Се наоѓа на 1 км западно од градот, во непосредната близина на крстосницата Охрид - Кичево -Скопје. Со заштитните археолошки истражувања во 1974, 1982 и 1983 година е откриена монументална градба – раскошна вила со терма. Објектот има три апсидни делови,повеќе големи простории и остатоци од хипокауст во северниот крај. Во повеќе простории се пронајдени површини од подни мозаици. Наодите се чуваат во Заводот и музеј - Охрид.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Антички театар — театар од хеленистичкото и римското време;
- Античка Фурна — осамен наод од доцноантичкото време;
- Видобишта — гробница од римското време;
- Горно Трново — населба од римското време;
- Горица — некропола од римското време и средновековна црква со некропола;
- Гумништа - Инвалидско Одморалиште — населба и некропола од римското време;
- Дебој — некропола од хеленистичкото и римското време и од средниот век и старохристијанска базилика;
- Долно Трново — населба од неолитското време;
- Козлук — населба од римското време;
- Карабегомала — храм од хеленистичкото време;
- Комплекс „Попарница“ — осамени наоди од римското време, старохристијански и рано средновековни сакрални објекти;
- Комплекс „Св. Климент“ — објекти и црква од старохристијанско време;
- Комплекс „Св. Софија“ — археолошки остатоци од римско и доцноантичко време и ран среден век;
- Комплекс „Св. Спас“ — осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола;
- Комплекс „Стара Чаршија“ — некропола од железното време до раниот среден век;
- Кошишта — некропола од хеленистичко, римско време и раниот среден век;
- Лабино — археолошки остатоци од бронзеното време до раниот среден век;
- Охрид - Лихнид — Антички град;
- Комплекс „Св. Пантелејмон“ — старохристијански и средновековни цркви;
- Самуилова тврдина — тврдина од хеленистичкото, доцноантичкото и средниот век;
- Св. Еразмо — старохристијанска базилика и некропола;
- Енгелана — утврдена населба од раноантичкото и хеленистичкото време;
- Св. Стефан - Горица — депо на средновековни монети;
- Студенчишта — старохристијанска базилика и некропола;
- Хермелеја — населба од римското време;
- Охрид;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија [2];
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Охрид
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
|