Лак (Долно Лакочереј)
Лак - Предикамница — археолошко наоѓалиште во охридското село Долно Лакочереј. Наоѓалиштето претставува населба од римско време. На влезот од селото, непосредно покрај патот Охрид - Долно Лакочереј, до мостот на Коселска Река случајно е откриена женска статуа од бел мермер, висока 0,80 м, која денес се чува во Музејот на Македонија во Скопје. Исто така, од ова наоѓалиште потекнуваат мермерна база и мермерно стебло од столб кои се наоѓаат во дворот на селската црква Св. Недела.[1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Баник — некрополаод римското време;
- Василички Гробишта — некропола од ран среден век;
- Градиште — населба од бронзено време;
- Дујгас — населба од римско време;
- Лак — населба од римско време;
- Св. Недела — населба и некропола од римско време;
- Долно Лакочереј;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 247, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |