Бучила (Љубаништа)
„Бучила“
| |
Местоположба | 40°54′40″N 20°44′10″E / 40.91111°N 20.73611°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Љубаништа |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | неолитско време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Бучила — археолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Претставува населба од неолитот и некропола од римско време.
Југозападно од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, во непосредната близина на албанската караула, во просторот на воениот камп, и на околу 20 м јужно од новата караула на АРМ е откриен ѕид од објект, а покрај него гробови градени од покрупни камења, со насоченост исток-запад. Од овој дел на наоѓалиштето потекнува надгробен споменик — база од мермер со старогрчки натпис. Исто така, во непосредната близина биле откриени гробови без гробни конструкции и во нив најдени железни копја и керамички садови. Во близината на езерскиот брег се најдени фрагменти од неолитска керамика и орудија од камен и кремен (ножиња и стругалки).[1]
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 251. ISBN 9989-649-28-6.
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од неолитско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Љубаништа
- Археолошки наоѓалишта во Општина Охрид
- Археолошки наоѓалишта во Охридско