Куќа на Митрески
| Куќа на Митрески | |
|---|---|
Поглед на куќата (лево) | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | неокласичен |
| Град | Охрид |
| Земја | |
| Завршена | 1912 |
| Технички податоци | |
| Катови | 2 |
Куќа на Митрески — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]
Куќата е сместена на улица „7-ми Ноември“ бр. 1, на самиот плоштад со Стариот чинар. Изградена е во 1912 година за Стојан Митрески од непознати градители во неокласичен стил, служејќи се со архитектонскиот проект на гимназијата „Св. Климент Охридски“ која се градела во исто време.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Зградата има сутерен, приземје и кат. На приземјето и катот има станбени простории. Сутеренот е од камен, надворешните ѕидови на приземјето се камени, а внатрешните се од тула; на катот надворешните се од тула, а внатрешните се изведени од бондрук со цел да се намали напрегањето. Меѓукатната и покривната конструкција е дрвена. Градбата има нагласена симетрија, хармонично распоредени прозорски окна, пиластри со капители и друга орнаментика својствена за класичниот академизам. Над прозорците, особено на источната фасада, има украси во кремастокафена боја. Фасадата завршува со венец, а над вратата има украсен елемент од ковано железо.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Куќа на ул.7-ми Ноември бр.1“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-20. Посетено на 4 септември 2017.
