Црква „Св. Никола“ - Присовјани

Координати: 41°19′48″N 20°40′59″E / 41.33000° СГШ; 20.68306° ИГД / 41.33000; 20.68306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Прва струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°19′48″N 20°40′59″E / 41.33000° СГШ; 20.68306° ИГД / 41.33000; 20.68306
Место Присовјани
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1852
Живопис 1874
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Св. Никола — главна црква во струшкото село Подгорци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Струшкото архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм сместен на југозападниот крај на селото. Според ктироскиот натпис над вратата на јужниот ѕид, храмот е изграден во 1852 година и живописан од Аврам Дичов во 1874 г.[1][2] Тој е автор и на натпрестолниот крст со Распетието.[3]

Царските двери се од средината на XVI век[4] и се дело на истакната работилница која дејствувала на територијата на Охридската архиепископија. Други дела на истата работилница се царските двери на „Прев. Богородица Перивлепта“ во Охрид (денес во Националниот историски музеј во Софија), дверите од „Големи Свети Врачи“ во Охрид (денес на иконостасот на „Пресв. Богородица Перивлепта“), дверите од непозната црква во Охрид (денес во Народниот музеј во Белград), дверите во „Св. Никола“ во Кореница, дверите од „Свети Ѓорѓи“ во Горна Влашка Маала во Охрид и дверите од „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, Скопје.[5]

На долгиот ктиторски натпис над влезната врата се наведени имињата на мештаните заслужни за зографисувањето, како и на охридскиот митрополит Натанаил и на мајсторот Аврам Дичов.[6]

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цветковски, Сашо. „Царске двери из Присовјана. (прилог проучавану уметности из XVI века у струшком крају)“ (PDF). Зборник радова Византолошког института XLIV, 2007. УДК: 726.54 (497.17) „15“, стр. 568. Посетено на 16 март 2014.
  2. „Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. Македонска православна црква. 6 октомври 2010. Посетено на 16 март 2014.
  3. Цветковски, Сашо. „Живописот на Аврам Дичов во црквата Св. Никола с. Брждани - Кичевско“ (PDF). УДК. 75.052.035.1 (497.7), стр. 448. Посетено на 16 март 2014.
  4. Цветковски, Сашо. „Царске двери из Присовјана. (прилог проучавану уметности из XVI века у струшком крају)“ (PDF). Зборник радова Византолошког института XLIV, 2007. УДК: 726.54 (497.17) „15“. Посетено на 16 март 2014.
  5. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 145.
  6. Цветковски, Сашо. Аврам Дичов, Струга, 2011, с. 19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]