Мансарда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Напречен приказ на мансарда

Мансарда во архитектурата се однесува на стил на закривен покрив кој се карактеризира со два нагиба на секоја од четирите страни на покривот. Долниот нагиб е речиси вертикален, многу пострмен од горниот, додека горниот нагиб е невидлив од улицата и е закосен минимално, колку да може да ја одлева водата. Ваквиот покрив дава можност за максимална искористеност на поткровјето и се смета за практичен начин на додавање спрат на една зграда. Декоративниот потенцијал на мансардата често се искористува со конкавни или конвексни криви линии и богато украсени баџи.

Овој стил станал популарен во Франција со делото на архитектот Франсоа Мансар (15981666). Тој е изумителот на овој вид на покрив и затоа самниот го носи неговото име (toiture à la Mansarde) или само „мансарда“.

Во времето кога куќите во Франција се оданочувале според бројот на спратови под покривот, мансардите биле згоден начин да се направи спрат, а да се избегне данок. Во 1850-тите мансардата доживува своевидна ренесанса при реизградбата на Париз. Стилот од ова доба во Франција се нарекува Втора империја.

Друга ренесанса на мансардата се случила во САД и Канада за време на доцниот XIX век како една од експресивните форми прифатени од викторијанските архитекти. Во стилот на Втората империја, мансардата обично се користела како покрив за кула, а помалку за цела зграда.

Мансардата во Македонија[уреди | уреди извор]

Зграда со мансарда во Битола

Во Македонија мансардите биле преземени директно од француската архитектура. Примери за мансарди на најчесто наоѓаме во Битола (како град со изразени француски влијанија), но и во други градови каде архитектите влечеле инспирација од Битола или од други извори. Треба да се спомене дека мансардите се користат и ден денес во стилизираната современа архитектура.

Поврзано[уреди | уреди извор]