ОУ „Св. Климент Охридски“ - Охрид
Свети Климент Охридски | |
|---|---|
Поглед на училиштето (2023 г.) | |
| Место | |
| Општина: | Општина Охрид |
| Наречено по: | Свети Климент Охридски |
| Нас. место: | Охрид |
| Адреса: | ул. „Климентов Универзитет“, бб |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Е-пошта | svklimentohridski108@yahoo.com |
| Телефон | 046/260-212 |
| Факс | 046/260-212 |
| Зграда на ОУ „Климент Охридски“ | |
|---|---|
![]() | |
| Општи податоци | |
| Координати | 41°6′51.81″N 20°47′47.98″E / 41.1143917°N 20.7966611°E |
| Почната | 1979 |
| Завршена | 1979 |
| Проектирање и изградба | |
| Архитект | Павел Балабанов |
Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Охрид; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Охрид, Општина Охрид.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа во старото јадро на градот Охрид, на ридот Дебој.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштата зграда била градена и завршена во 1979 година. За изградбата на училиштето, Павел Балабанов ја добил престижната Награда „Борба“ во 1980 година, за најдобро архитектонско остварување во Југославија, како и републичката Награда за најуспешно архитектонско остварување. Проектот на училишната зграда бил публикуван во огромен број на списанија и весници.[2]
Архитектура на училишната зграда
[уреди | уреди извор]Обликувањето на градбата е павилјонски и разумно, со расчленети волумени кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Фасадната обработка е од фасадна црвена цигла со малтерисана структура. За покрив, архитектот Балабанов го одбрал лимот, покривка која му дава друг однос и пристап со околината со претежно покривни од ќерамиди.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Училиштето во 2014 година
- Поглед кон северното крило
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-14.
- 1 2 Мартин Ефремовски (18 февруари 2021). „Основно училиште „Св. Климент Охридски", Охрид / Балабанов“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2021. Посетено на 11 мај 2024.


