Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зградата на заводот

Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид својата дејност ја започна во средината на XX век. Имено, на 1 мај 1951 год. бил отворен Народниот музеј во познатата Куќа на Робевци, а во 1953 год. во составот на Народниот музеj влегла и Уметничката галериjа. Архивот на Охрид, во прво време, исто така, работел во неговиот состав се до 1954 год. Во 1962 год. во Охрид се формира Општинскиот завод за заштита на спомениците на културата, а во 1973 год. се интегрираат двете институции во една која до денес го носи името Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид.

Дејност[уреди | уреди извор]

Главната дејност на оваа институција е заштита, конзервација, реставрација, ревитализација и презентација на недвижното културно наследство во Охрид и Охридско, како и собриање, негување, документирање и презентирање на движното културно наследство, односно развивање на музејската и галериската дејност во овој град.

Музејски поставки[уреди | уреди извор]

Археолошка поставка, како и фонд на предмети од семеjството Робевци и дела од охридската резбарска школа се сместени во куќата на Робевци. Историското одделение се наоѓа во куќата на Христо Узунов, каде што е поместена и историската изложба " Национално-ослободителното движење во Охрид и Охридско ", а Етнолошкото одделение и просторот за ликовни изложби се во куќата на Ураниjа. Спроти црквата „Св. Богородица Перивлепта“) е отворена Галериjата на икони.